Конте во понеделник ќе биде промовиран во нов тренер на Реал Мадрид

Шпанските медиуми на големо пишуваат дека утре Реал Мадрид ќе има нов тренер, а тоа е Антони Конте. 

По поразот од 5-1 на „Ел Класико“ од Барселона на „Камп Ноу“ денеска, Хулен Лопетеги е веќе минато во Мадрид. Дел од шпанските медиуми веќе најавуаат дека од утре напладне Италијанецот ќе го преземе кормилото на „кралевите“.

Сепак, весникот „Марка“ излезе со друга прогноза, која вели дека Сантијаго Солари, тренерот на Кастилја, најпрво ќе биде назначен привремено за тренер, а веќе од следната недела Конте ќе биде промовиран.