Компани доби одлична вест: Се враќа Ноер!

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер ќе стартува од првата минута во натпреварот од Бундеслигата против Борусија Менхегладбах и ова за искусниот чувар на мрежата ќе биде враќање на терените по паузата подолга од еден месец.

Ноер последниот натпревар за Баерн го одигра на 3 декември, а во меѓувреме на голот на германскиот гигант го менуваше Даниел Перец.

Но, Компани соопшти и лоша вест, а тоа е дека Џамал Мусиала не тренирал поради болест и ќе го пропушти натпреварот. 

Средбата помеѓу Баерн и Борусија е закажана за сабота од 18:30 часот во рамките од 16. коло во Бундеслигата.