Хрватски напаѓач потпиша за Тиквеш

Хрватскиот напаѓач, Филип Михаљевиќ е ново име во редовите на Тиквеш каде што пристигнува како слободен фудбалер.

Михаљевиќ е 32-годишен класичен напаѓач кој последниот ангажман го имаше во екипата на ГОШК Габела од Босна и Херцеговина. За овој тим одигра 15 натпревари и во нив постигна два гола и запиша асистенција.

Во својата кариера Михаљевиќ беше дел од многу екипи меѓу коие: Днамо Загреб, Локомотива Загреб, Широки Бријег, Сесвете, Локо Пловдив...

По првиот дел од сезоната Тиквеш се наоѓа на деветата позиција со 14 бода, два повеќе од Воска која е последна, па така јасно е дека тимот од Кавадарци го чека тешка битка за опстанока.