Коментаторите на Барса го исмеваа Модриќ среде преносот со Сеул (ВИДЕО)

Лука Модриќ летово го заврши својот 12-годишен престој во Реал Мадрид и како најтрофеен играч во историјата на клубот се пресели во Милан.

Со мадридскиот гигант тој освои шест титули во Лигата на шампионите, но во 2025 година не подигна ниеден пехар, а имаше можност за четири. Три од нив ѝ припаднаа на Барселона и тоа во директните дуели со Реал при што најнеизвесно беше финалето од Копа дел Реј кога „каталонците“ славеа со 3-2.

Коментаторите на официјалниот канал на Барселона на Youtube денеска, за време на натпреварот против Сеул, се присетија на тоа финале и јавно го исмеаја Модриќ.

„Не му оддадовме почит на Модриќ. Негов последен значаен потег беше асистенцијата кон Жил Кунде во финалето од Копа дел Реј“, рече едниот коментарот, а другиотн се потсмеваше во позадина.

Станува збор за „додавањето“ при победничкиот гол на Барселона во судиското продолжение кога Модриќ се обиде да го проигра Брахим Дијас, но овој место да тргне кон топката, се оддалечи од неа. Кунде го искористи тоа, ја пресече акцијата и постигна прекрасен гол за триумф и титула на Барса.