
Кој великан дава најголеми плати? (ФОТО)
Едно истражување покажа дека во просек најголема плата се заработува во Каталонија. Великанот Барселона дава плата во просек од 12 милиони долари, а втор е нивниот најголем ривал Реал Мадрид со просечна плата од – 11,5 милиони „зелени банкноти“.
Веднаш зад овој двоец во Шпанија, следат „арапските клубови“. Во Манчестер сити со газда од Абу Даби има просечна плата од 9,15 милиони долари, додека ПСЖ, кој е на катарски погон дава плата во просек од 8,8 милиони „зелени банкноти“.
Меѓу десетте клубови каде платата не е помала од шест милиони долари годишно, нема ниту еден клуб кој не е дел од „лига петка“, каде се вртат најголем дел од парите во фудбалот, што и не е изненадување, зашто финансиските извештаи покажуваат удел од над 75 отсто во севкупните приходи од фудбалот на европско ниво.