Кој го повреди Нејмар на тренинг?

По сѐ изгледа Унаи Емери не успева да ја држи ситуацијата под контрола во ПСЖ и лоши работи се случуваат во клубот. Нејмар и Единсон Кавани се во расправија, а некои соиграчи намерно се повредуваат на тренинзи.

Нејмар и Кавани веќе не се во добри односи, откако Уругваецот му порача на Бразилецот дека „не е Меси“ и дека не може да ги изведува пеналите. Тоа предизвика доста проблеми меѓу парижаните, па против Монпеље тимот одигра без голови.

Во составот го немаше Нејмар поради тоа што заработи повреда на тренинг од соиграч. Како што јавуваат странските медиуми, Бен Арфа со намера остро стартувал во него, па Нејмар морал да паузира за да не ја влоши повредата.

ПСЖ утре игра против Баерн, Нејмар е неизвесен, а Бен Арфа го загуби своето место со доаѓањата токму на Нејмар и Килијан Мбапе.