Кој би помислил на вакво нешто: Реал Мадрид си запиша црн рекорд првпат по 33 години!

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид влезе во сериозна криза откако загуби од Алавес со 0-1 во синоќешниот меч, со што продолжи црната серија на „кралевите“ во изминатите три недели, но тоа што посебно сите ги зачудува е факто дека „кралевите“ не може да дадат гол.

Ретко кој можел да поведува дека Реал Мадрид ќе дојде во ситуација четири меча или 36 минути да не успее да даде гол. Без оглед што си замина првата виолина Кристијано Роналдо, Реал Мадрид има доволен напаѓачки капацитет, ама мрежата и голот на противникот како да е „маѓепсана“.

Токму оваа серија од четири меча без даден гол е историска за црната книга на рекорди, зошто на мадриѓаните вакво нешто не им се случило многу одамна. И тоа по повеќе од три децении. Прв и последен пат успеале да не дадат гол 360 минути било во април 1985 година. Само што тогаш не беа европски шампиони, а сега се тројни во низа со страшен тим.