Кога газдите ти се од Саудиска Арабија ќе носиш дресови како Саудиска Арабија (ФОТО)

Њукасл минатата есен беше откупен од „Паблик инвестменд фонд“, корпорација што ја поседува кралското семејство на Саудиска Арабија. Со ова премиерлигашот стана најбогатиот клуб во светот. 

„Црно-белите“ почнаа да трошат добри пари на познати играчи, па откако во јануари го купија Бруно Гимараеш од Лион за 45 милиони евра, вчера ја комплетираа и зделката на Свен Ботман од Лил за 37 милиони евра.

Навивачите можеби се среќни што нивниот тим веројатно ќе се бори за излез во Европа, но не се среќни што третиот дрес на тимот промовиран денеска е реплика на дресот на репрезентацијата на Саудиска Арабија. Њукасл ќе носи бели дресови со зелени линии, што е речиси идентичен на оној на националниот тим од Азија.