Клоп за изборот на „златната топка“: Јас не гласав, вие новинарите гласавте!

Менаџерот на англискиот великан Ливерпул, Јирген Клоп посочи дека никогаш не може да биде грешка изборот на Лионел Меси за најдобар фудбалер, ама посочи дека вината што некој друг не ја добил наградата наместо Аргентинецот е во новинарите кои гласаа, а не кај него или другите тренери.

Клоп во пресрет на градското дерби со Евертон посочи дека Меси секогаш може да биде избран за најдобар, а Роберт Левандовски, кој беше главен конкурент за наградата, особено што лани не му беше доделена, тешко дека во иднина повторно би можел да биде така близу до најпрестижното признание.

„Меси како Меси секогаш е меѓу најдобрите и не е грешка ако му ја дадете наградата. Но, ако оваа сезона на Левандовски не можеше да му ја дадат 'златната топка', тогаш нема никогаш да му ја дадат. Искрено, без изненаден на пример зошто Салах не беше погоре на пласманот, мислев дека и Роберт ќе ја добие наградата, ама... Ова не е мој избор. Мислам дека новинарите гласаат, така да тоа е – ваша грешка. Требаше да ги убедите колегите кој е најдобар и кој треба да добие повеќе гласови, во случајот и со Мо, ако мислите дека заслужува подобар пласман од седмо место“, вели Клоп.