Клоп урнебесно го прокоментира киксот на Адриан: Нормално е тоа за голман на Ливерпул!

Германскиот менаџер на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп нема ден, а да не ја изнасмее светската јавност со некоја шега, па сега на „тапет“ беше неговиот голман Адриан, херојот од Истанбул, кој направи кикс во Саутемптон, кој за среќа не беше пресуден за бодовите, иако го врати противникот во игра во финишот од мечот за бод.

Ливерпул имаше сигурно водство со головите на Мане и Фирмино, пред Адриан во финишот да направи грешка и да го врати Саутемптон во игра. Неговиот обид за додавање при повратната топка беше толку лошо, што Дани Ингс успеа лесно да му ја затресе мрежата.

„Убаво ги вративме во игра со уште поубаво додавање од Адриан. За него ова е трет меч, ама некако нормално е за голман на Ливерпул да направи такво нешто (грешка- н.з.). Но, одиме понатаму. Заслуживме победа и тоа е тоа“, вели Клоп.

Лани првиот голман Алисон Бекер, кој сега е повреден направи слична глупост против Лестер, Симон Мињоле и во предсезоната прими урнебесен гол, па си замина и на негово место дојде Шпанецот, а тешко се забораваат киксовите на Лорис Кариус од финалето во ЛШ лани во Киев, кога со два кикса го направи Реал Мадрид европски првак по 13-ти пат.