„Клоп ги одби Јунајтед и Реал зашто мразеше иста работа кај двата клуба“

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп во 2015 година го презема англискиот гигант, па минатата сезона ја освои и Лигата на шампиони.

Пред да се пресели на „Енфилд“, Клоп седум години ја предводеше Борусија Дортмунд, а во тоа време многу големи клубови го посакувале на својата тренерска позиција.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Роби Фаулер призна дека Клоп пред неколку години му открил дека ги одбил Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

„Направив интервју со него пред неколку години, а тој ми кажа дека ги одбил Јунајтед и Реал зашто мразел истаработа кај клубовите, поточно тоа што тие биле фокусирани на комерцијални цели“, открива Фаулер.