Клоп ги изненади сите: Јас му реков на Кутињо да оди во Баерн!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека го советувал напаѓачот Филипе Кутињо да се пресели во германскиот шампион Баерн од Михнен.

Тимот од Минхен го зема на позајмица Бразилецот за една сезона од редобите на Барселона, со право на откуп.

Јас лично му кажав на Кутињо дека Баерн добро ќе му одговара. Тој е играч од светска класа и многу добро засилување во Баерн и Бундеслигата, изјави Клоп.

Кутињо во својата кариера има играно и во Интер, Васко де Гема, Еспањол и Барселона.

Во 2010 година го бележи првиот настап за бразилската репрезентација.