Клоп: Додека бев во Дортмунд не потпишав со Мане зашто ми изгледаше како рапер!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп во интервју за британските медиуми откри какво мислење имал за Садио Мане кога го сретнал за првпат во неговата кариера.

Мане е еден од најдобрите и најважните фудбалери на Ливерпул, а за тоа е свесен и Клоп, кој кажа дека најпрво не сакал да потпише со Сенегалецот бидејќи тој му изгледал како рапер.

„Се сеќаваm на првата средба со Мане. Тоа беше во Дортмунд. Тој беше младо момче со безбол капа. Ми изгледаше како рапер и си помислив дека немам време за вакви работи. Нашиот тим не беше воопшто лош, ми требаше некој стартер. Сепак, јас продолжив да ја следам неговата кариера, која бше доста успешна. Кога дојдов во Ливерпул сакав да го купам, а и тој сакаше да соработува со мене, па така двајцата бевме задоволни“, кажа Клоп.