Ќе пукне ли „бомбата“ во Милан: Барди побарал трансфер од Леванте!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имал состанок со претседателот на шпански Леванте, Кико Каталан на кој наводно побарал да биде продаден до крајот на зимскиот преоден рок објави шпански „Супердепорте“.

Нецел ден откако „Ел Чиригинто“ објави дека италијанскиот великан Милан спремил пет милиони евра за да го купи Барди, „Супердепорте“ објави вест за средбата на Барди со претседателот на кој се разговарало за неговата иднина и можниот итен трансфер до крајот на преодниот рок кој завршува на 31 јануари.

Барди во Леванте дојде за само 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт и неговиот договор истекула летово, но има опција за едногодишно продолжување, кое не може да се случи ако Леванте испадне од Ла Лига, а во моментов овој клуб е последен во лигата. Но, проблем е што Леванте мора некого да продаде за да покрие долг од 15-на милиони евра, а понудата од Милан, ако е точна веста според „Ел Чиригинто“ не е задоволувачка, но... Леванте ризикува да остане без цент од Барди, па оттаму шпанските медиуми претпоставуваат дека можеби е дојдено време за разделба.

Покрај Милан, кој се споменуваше како опција за трансфер и летоска, но македонскиот репрезентативец остана во Леванте, уште и Торино од Серија А е заинтересиран за „снајперот“, како и Реал Сосиедад, кој пак сака да го земе на лето како слободен играч. Но, ако Милен е сериозна опција, барањето на Барди за трансфер веројатно е најава за бомбастичниот трансфер со што би станал прв македонски фудбалер кој ќе го облече дресот на вториот најтрофеен клуб во Европа.