Ќе почекаме за италијански фудбал: Серија А почнува една недела подоцна!?
„Понте Моранди“, мостот во Џенова, кој се урна во вторник со себеси зема 39 животи, а уште многу луѓе беа повредени.
Сампдорија испрати барање нивниот натпревар со Фиорентина да се одложи, додека навивачите на Џенова објавија дека нема да присуствуваат на мечот против Милан на „Сан Сиро“.
Ова нема да бидат единствените два натпревари кои би можеле да бидат одложени.
Наводно, првиот лигашки натпревар закажан за сабота помеѓу Киево и јувентус ќе биде одложен, а потоа и тој помеѓу Лацио и Наполи, зашто е најавен ден на жалост.
Доколку и другите споменати натпревари бидат откажани, ќе останат само шест натпревари да се играат, па Италијанскиот фудбалски сојуз размислува сите да ги одложи, а одлуката ќе биде позната во текот на денот.
It’s reported that the first weekend of #SerieA could be postponed, in light of the tragic bridge collapse in Genoa. https://t.co/AmR9rYtNub pic.twitter.com/dq8VNppSoU
— footballitalia (@footballitalia) August 16, 2018