„Ќе изедам два стаорци ако Зидан го замени Мурињо во Јунајтед“

Во Манчестер јунајтед уште владее неизвесност за иднината на тренерот Жозе Мурињо по неговите лоши резултати, па како најголемо име кое треба да го замени се споменува Зинедин Зидан.

Сепак, еден од неговите најдобри пријатели, Кристоф Дугари не смета така.

„Ќе изедам два стаорци, ако Зидан му се јавил на Мурињо, прво, тие двајца никогаш не биле во добри односи, ниту кога Зидан му беше помошник. Исто така, нема шанси да седне не клупата на Јунајтед“, кажа Дугари за едно радио.

Управата на Јунајтед нема многу избор, па се споменуваше и Маурицио Покетино, кој е желба на Ед Вудворд, но тоа е невозможна мисија, па можеби „црвените ѓаволи“ ќе ја завршат сезоната со Мурињо, а потоа ќе се обидат да привлечат некое големо тренерско име.