
Кин ја „потопи“ Верона: Јувентус со многу мака до петта победа по ред (ВИДЕО)
Верона го измачи поранешниот шампион на Италија, кој единствениот гол за победа го постигна во 61. минута преку Мојсе Кин кој со малку среќа ја затресе мрежата на домаќините.
Јувентус се искачи на третата позиција во калчолигата и има 28 бодови, односно два помалку од Милан и 10 помалку од лидерот Наполи.