„Кикер“: Чурлинов во јануари потпишува за Штутгарт

Третопласираниот тим во Втората германска лига, Штутгарт бил заинтересиран за младиот македонски фудбалер Дарко Чурлинов, кој во моментов настапува за Келн.

Германски „Кикер“ објави дека Келн немал намера да му го продолжи договорот на Чурлинов, па поради тоа македонскиот фудбалер во јануари планира да се пресели во Штутгарт, кој се обидува да се врати во Бундеслигата.