Кепа е најлошиот голман во историјата на Премиерлигата (ФОТО)

Челси во 2018 година плати 80 милиони евра за Кепа Аризабалага и тие се надеваа дека ќе добијат врвен голман за следните неколку години, но статистичките податоци за него се ужасни.

Тренерот Франк Лампард го загуби трпението за Шпанецот, па најверојатно ќе го продаде чуварот на мрежата во текот на летниот преоден рок.

Кепа, според статистичките податоци, е најлош од 730 голмани во Премиерлигата, кои одиграле најмалку десет натпревари.

Кепа има само 54,5% одбрани, а исто така Шпанецот прими осум проценти од головите на Челси од 1992 година. Сезонава прими дури 47, а тој при 14 голови не успеал ниту да се помрдне.

Според статистиката на „ОптаСтатс“, Кепа требало да прими 32 голови, но тој примил многу повеќе.