Кејн ја разочара Барселона, Англичанецот знае што сака!
Во Барселона се навикнати лесно да ги остваруваат трансфер желбите, но има клубови кои се на исто ниво по атрактивност, па не е лесно да се добие играч од Баерн Минхен кога тој е среќен таму. Таква е ситуацијата со Кејн.
„Гласините за Барса? Јас сакам подолго да останам во Баерн. Начинот на кој играме сега, мислам дека сме еден од најдобрите тимови во Европа, тоа е сигурно“, вели Кејн.
„Не гледам кон ниту еден друг клуб, ниту размислувам за такво нешто, сакам да бидам тука. Навистина сум среќен тука. Имам уште 18 месеци од договорот и сигурен сум дека наскоро ќе имам разговори за иднината“.