Илиоски обезбеди бронза на СП, ама се повреди и ја заврши - кариерата!

Македонската кик-бокс ѕвезда, шампионот Бобан Илиоски стави крај на кариерата поради повреда, тоа го направи за време на Светското првенство по победа.

Бобан Илиоски денеска се повреди во ринг на Светското првенство, но и покрај тоа го доби мечот против хрватски кик-боксер. Сепак, македонскиот борец не само што нема да може да го продолжи настапот на ова натпреварување, тој објави и крај на кариерата.

Тој сега ќе се посвети на тренерската работа во неговиот клуб, целта му е да создава нови шампиони.

Илиоски е светски и двоен европски ВАКО шампион.