Историја во Лигата на шампионите: Дете на Арсенал дебитираше на 13 години (ВИДЕО)

Попладнево во натпреварите од младинската Лига на шампиони се појави нов рекордер и тоа од редовите на Арсенал.

Во натпреварот против Баерн Минхен историја испиша, Луис Муњоз. Станува збор за млад талент на „топџиите“ кој има само 13 години и тој стана најмладиот кој некогаш заиграл во ова натпреварување во кое право за настап имаат играчи до 19 години.

Муњоз дебитираше со само 13 години и 343 дена, па така привлече внимание на спортската јавност.

Инаку, според англиските медиуми тој важи за еден од најпреспективните таленти во школата на Арсенал, доказ за тоа е и што доби шанса со фудбалери кои се и до шест години повозрасни од него.