Земјотрес во Белград: Обрадовиќ поднел оставка во Партизан!?

Во редовите на белградски Партизан наскоро би можело да дојде до тренерска смена бидејќи според последните информации легендарниот Жељко Обрадовиќ ја поднел својата оставка.

Српските медиуми пренесуваат дека Обрадовиќ по поразот од Монако ја поднел оставката до раководството, сепак, тоа не значи и дека сигурно ќе замине. Наводно, закажан е и нов состанок помеѓу Обрадовиќ и клубот на кој ќе се одлучува што понатаму.

На Партизан сезонава не му оди, посебно во Евролигата каде што тимот се наоѓа дури на 18-тата позиција, само Макаби и Асвел се зад „црно-белите“, од друга страна нивниот најголем ривал Црвена Звезда е на четвртото место, па така незодоволстовото кај навивачите е огромно.

За Обрадовиќ актуелниот мандат во Партизан е втор, претходно го водеше клубот од 1991 до 1993 година, а се врати во 2021 година, по седум години поминати на клупата на Фенербахче (2013-2020). Во клупската кариера беше тренер уште на: Хувентуд, Панатинаикос, Тревисо и Реал Мадрид.