Модриќ дојде да се извини, а Лаутаро - ќе го истепаше! (ВИДЕО)

Eкипата на Милан изминаиот викенд славеше над Интер со 1-0 на „Џузепе Меаца“ во дербито од 12. коло во Серија А, а сега на социјалните мрежи се појави и една интерсна сцена во која во главни улоги беа Модриќ и Лаутаро.

Во еден момент, Модриќ веројатно по дуел со Бстони сакаше да му се извини за пекршокот, но тоа како да не му се допадна на капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез кој бурно реагираше и неколку пати го турна хрватскиот ветеран.

Модриќ во тие моменти остана смирен и сепак си го исполни планираното и му пружи рака на Бастони.