Пелистер без Хаидарирад против Европскиот шампион!

Вечерва од 20:45 часот Пелистр го пречекува Магдебург во натпревар од Лигата на шампионите, а битолчани ќе бидат ослабени за неиграњето на голманот Саид Хаидарирад.

На неколку часа пред почетокот на натпреварот од Пелистер информираат дека поради вирус, Саид Хаидарирад ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Магдебург.

На негово место во составот е младиот македонски голман, Давид Брестовац.

Магдебург во Битола пристигна со максимален учинок, осум победи од исто толку натпревари, па јасно е дека на Пелистер ќе му треба чудо за да го запре налетот на германскиот тим.