Казнет судијата кој бараше автограм од Меси (ВИДЕО)

Лионел Меси го израдува Интер Мајами (1-0) во дуелот против Спортинг Канзас Сити во Купот на шампионите на Конкакаф, а главниот судија Марко Антонио Ортиз побара автограм од Аргентинецот по натпреварот.

Дисциплинската комисија не му прости на судијата поради овој потег и реши да го казни, но Конкакаф не откри за каква санкција поточно станува збор.

Арбитарот ја призна грешката и се извини поради неговиот потег по мечот меѓу Интер Мајами и Спортинг Канзас сити.