Кавани одбил милион евра за да му ги препушти пеналите на Нејмар!
Парижаните се најдоа во голем проблем откако минатата недела Уругваецот и Бразилецот како мали деца се расправаа за тоа кој ќе го изведе пеналот во победата над Лион.
Претседателот на клубот, Насер Ал-Келафи, наводно минатата недела преговарал со Кавани за да го реши овој голем проблем кој сериозно се заканува да ја наруши целокупната атмосфера на „Парко на принцовите“, а поголемиот дел од играчите на ПСЖ се на страната на Кавани околу ова прашање.
Па така тренерот Унаи Емери, наместо фантастичен тандем вреден повеќе од 250 милиони евра доби главоболки. Резултатот од сето тоа беше најлошиот натпревар сезонава, во ремито без голови против Монпеље во саботата, а Нејмар не играше на овој дуел поради повреда.