Кавани кон Нејмар: Што се мислиш ти, дека си Меси?

Односот на Единсон Кавани и Нејмар во Пари Сен Жермен е топ-тема изминативе две недели, откако двајцата јужноамериканци се искараа кој да го изведе пеналот на мечот со Мец, но очигледно таа „вербална војна“ е само шлаг на тортата околи нетрпението помеѓу двете ѕвезди на „светците“.

Нејмар во ПСЖ дојде летово за светски рекорден трансфер од 222 милиони евра од Барселона, а судирот на Уругваецот и Бразилецот датира од самото пристигнување на доскорешната ѕвезда на Барселона на „Паркот на принцовите“.

Фактот дека Нејмар е главна ѕвезда во Париз, на Кавани веројатно воошто не му се допаднало, па уште на првиот состанок се појавиле искрите. Медумите од Франција веќе открија како изгледал првото соочување на Кавани и Нејмар.

„Кој е овој? прашал Кавани во соблекувалната

Што се мислиш ти, дека си Меси? му се обратил потоа на Нејмар.

Очигледно дека судирот на двете ѕвезди ќе потрае, иако клубот и тренерот Унај Емери на секој начин се обидуваат да ја смират ситуацијата.