Кавани и Нејмар ги „закопаа секирите“: Мораме да бидеме како семејство на теренот

Караницата помеѓу Нејмар и Единсон Кавани кој да изведе пенал против Лион донесе многу дебата низ спортската јавност, но и немар во соблекувалната на ПСЖ.

Против Баерн Минхен синоќа немаше пенал, но барем за слободните удари двајцата фудбалери беа убаво поделени и шутнаа по еднаш. Двајцата и се запишаа во листата на стрелците, а при голот на Кавани, Нејмар притрча и го гушна својот соиграч. По се изгледа двајцата дошле до некаков договор, а тоа го наговестува и изјавата на Уругваецот по синоќешниот натпревар.

„Сите ние сме различни, можеби сите имаме различен начин на живот и различно ги гледаме работите. Но, кога сме на теренот, сите мораме заедно да работиме како да сме семејство и да се стремиме кон истата цел, а тоа е тимот да победи“, изјави Кавани.