Каталонците не можат да преболат што Реал доминира: УЕФА ги чeсти четири трофеи (ФОТО)

Навивачите на Барселона никако не може да преболат што нивниот најголем ривал Реал Мадрид за две години запиша два историски моменти. Во Кардиф и во Скопје годинава ги одбранија трофеите во ЛШ и во Суперкупот и по 27 години се прв тим со ваков успех, уште од диминантниот Милан во 1989 и 1990 година. За каталонските фанови, Реал Мадрид освои четири титули благодарение на УЕФА, алудирајќи на четири офсајди поради кои „кралевите“ стигнаа на четирите меча до трофеите.

Барса и Реал ќе играт во шпанскиот Суперкуп, па каталонците веќе почнаа да ја билдаат анти-мадрид атмосферата во пресрет на двете „ел класика“.