Касилјас заборавил да уплати тикет, па татко му останал без 1,2 милиони евра

Легендарниот голман на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Икер Касилјас вчера ја заврши кариерата, па во медиумите повторно стана актуелна една приказна кога Шпанецот како дете заборавил да уплати тикет и татко му останал без милион евра.

Татко му го испратил Касилјас во обложувалница да уплати 15 парови, а добивката била 1,2 милиони евра. Сепак, тој заборавил да го уплати и парите ги потрошил на нашето друго.

„Кога имав седум-осум години, татко ми ме испрати да уплатам тикет во обложувалница. Имаше 15 парови, а сите беа погодени. Ете, се случува. Исто како да сум му загубил милион евра на татко ми, но тој никогаш повеќе не зборуваше за тоа. Сепак, знам дека добро ќе беше да ги добиевме парите“, кажа Касилјас.