Касемиро: Роналдо е минато за Реал, а ние сме на самиот почеток!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Касемиро, кажа по поразот од Атлетико во европскиот Суперкуп дека Кристијано Роналдо е минато за „кралевите“ и дека тие се на самиот почеток.

Реал синоќа беше поразен со 2-4 од градскиот ривал Атлетико Мадрид, во нивниот прв дуел во натпреварувањата откако Роналдо замина во Јувентус.

„Роналдо покажа дека е најдобар во светот. Но, тоа е минато, не може повеќе да зборуваме за тоа. Мораме да зборуваме за играчите кои се сега тука. Сакаме да направиме моќна екипа, но сега сме на самиот почеток. Новиот тренер е добар, па се обидува да го одржи сонот за освојување на трофеи“, кажа Касемиро.