Касано бара отказ за Мота: Ова е катастрофа!

Јувентус има очајни резултати оваа сезона, иако многу се очекуваше по доаѓањето на тренерот Тијаго Мота, па поради тоа еден од најжестоките критичари е легендарниот Антонио Касано.

Поранешниот напаѓач ги критикуваше „бјанконерите“ поради лошите резултати, а притоа побара и отказ за Мота.

„Не би ја почнал следната сезона со Мота, дури и да го освои Скудетото. Ништо не може да ги избрише катастрофалните месеци и елиминацијата од Купот и Лигата на шампиони. Очекував поинаква ситуација, но ова е големо разочарување“, кажа Касано.