
Карвахал контра Анчелоти: Беше чист офсајд, не треба да се сомневаме во технологијата!
Дефанзивецот на Реал Мадрид, вели дека тоа било чист офсајд и одлуката мора да се прифати, не смее да има сомнеж кога одлучува технологијата.
„Ние мора да се посветиме на играта и да даваме се од себе. Во неделата беше досуден офсајд затоа што беше офсајд. Треба да ја прифатиме одлуката и никогаш да не се сомневаме во технологијата“, вели Карвахал.
Анчелоти по мечот изрази сомнеж во исправноста на одлуката, сметаше дека линиите можеби не биле правилно нацртани.