Капело откри кои играчи летоска сакал да ги ангажира Мурињо

Манчестер јунајтед се наоѓа во голема криза, имаат премногу проблеми во нивните редови, а односите помеѓу некои играчи и Жозе Мурињо се лоши, па најверојатно тренерот ќе добие отказ.

Во текот на летото во клубот пристигнаа три засилувања Фред, Диого Далот и Ли Грант, но Мурињо кажа дека не е задоволен со трансфер периодот.

Португалецот сакал уште две засилувања, а искусниот италијански тренер Фабио Капело откри дека знаел за кои играчи станува збор.

„Летово на состанокот со Мурињо дознав дека тој ги сака Шкрињар и Кулибали“, кажа Капело.

Мурињо сакал барем еден квалитетен дефанзивец од Серија А, но управата не успеала да му ја исполни желбата, па  можеби токму поради тоа Манчестер јунајтед има лоши резултати сезонава.