Камавинга повторно се повреди, ќе паузира неколку недели!
Реал Мадрид соопшти дека на медицинските прегледи била констатирана посериозна повреда на Камавинга, кој ќе мора повторно да паузира.
Камавинга оваа сезона настапи на 16 натпревари за шпанскиот гигант, кој во моментов се наоѓа на второто место во Ла Лига со еден бод помалку од лидерот Атлетико Мадрид.