Калчолигашите имаат решение како да ја завршат сезоната

Екипите од италијанската Серија А понудија да го откажат испаѓањето на тимовите оваа сезона, а воедно да ја прошират лигата на 22 екипи, се со цел лигата да заврши во овие моменти.

Според информациите објавени од страна на новинарот Николо Скира, многу клубови во Серија А се за тоа најлошите тимови да не одат во Серија Б по оваа сезона, а во исто време, се предлага проширување на лигата на 22 екипи со тоа што двете најдобри екипи од Серија Б ќе влезат во повисок ранг на натпреварување.

Исто така, оваа шема предвидува испаѓање на четири екипи со дојдовни три во следните две сезони за да се врати бројот на екипи на 20 до 2022 година.

Натпреварите во италијанското првенство се прекинати поради пандемијата на коронавирус, а токму оваа земја е една од најзаразените.