Како обложувачот Тонали намерно добива жолт картон!? (ВИДЕО)

ФА почна истрага против Сандро Тонали за обложување додека го носел дресот на Њукасл, а на социјалните мрежи веднаш се појави видео од еден потег на италијанскиот фудбалер.

Тонали во моментов издржува суспензија од десет месеци поради обложување во Италија, но фудбалерот тоа го правел и откако потпишал за Њукасл, па сега може да добие дополнителна казна.

Веднаш по објавата на ФА дека покренува истрага против Тонали за обложување, на социјалните мрежи се појави видео како Италијанецот намерно добива жолт картон. 

Тонали не сака веднаш да излезе од игра, тоа го направи откако судијата дојде и му покажа жолт картон за задржување на време. 

Многумина се сомневаат дека одиграл дека ќе добие жолт картон на тој натпревар.