Каде една мака со Меси, сега уште поголем проблем за Бартомеу – обвинет за корупција!
Како што објави „Ел Мундо“, полициската единица во Каталонија, „Лос Мосос“ подигнала овинение против Бартомеу дека извлекувал пари од касата на Барселона за лични потреби, а сето ова било поврзано со аферата „Барсагејт“, откако биле објавени документи на кои било евидентно дека Бартомеу имал лична корист од низа зделки во име на клубот, а тие документи кои ги покажуваат внатрешните работи и трансакциите предизвикаа бура во шпанските медиуми.
Сето ова започнало откако угледното радио „Кадена Сер“, кое важи за многу релевантен медиум, објави документи на кои Бартомеу плаќал трети лица, во случајот „пи-ар агенција“ за да се урива угледот и имиџот на поединци, во кои целна група биле токму Лионел Меси, Жерар Пике, како и легендите Чави Ернандез, Карлес Пујол и Пеп Гвардиола, но и претседателските противкандидати Агусти Бенедито и Виктор Фонт.
Станувало збор за компанијата „И3 Вентурес“, во која потоа е вплеткана финансиска „измама“, зашто имало исплати шест пати поголеми од вкупната пазарна вредност и сето тоа им станало сомнително на локалните власти.