Јувентус во обид да го „украде“ новиот италијански бисер од Рома!

Управата на Јувентус деновиве е сконцентрирана во обидот да ја искористи кавгата помеѓу Ниоло Заниоло и тренерот на Рома, Пауло Фонсека и во следниот период да дојде до потписот на сигурно најталентираниот италијански фудбалер во моментов.

Претседателот Ањели веќе јавно изјави дека би сакал да го види Заниоло во црно-белиот дрес, а директорот Паратичи веќе подготвува понуда, која би била доволно примамлива за „волчицата“. Се споменува трансфер во кој напаѓачот Бернадески и дефанзивецот Ромеро би завршиле во Рим, со што би се покрила сумата од 60 милиони евра на колку е проценет бисерот од главниот град на Италија. Можно е да се случи и доплата во кеш од страна на Јуве, кој, сепак, не би бил преголем за да ја оптовари касата на шампионот.

Заниоло во Рома стигна како доплата во трансферот на Раџа Наинголан во Интер, но се покажа како одлична инвестиција. Управата на римјаните се обидува со зголемување на платата да го „убеди“ Заниоло да остане уште некоја сезона, но истовремено им е јасно дека ќе биде тешко да се излезе на крај со нападот на моќниот тим од Торино.