Јувентус тешко дека ќе одбие: ПСЖ подготви мега понуда за Роналдо!

Екипата на Јувентус денеска ќе го одигра натпреварот од 13. коло во Серија А против Аталанта, а на овој меч во Бергамо, Маурицио Сари нема да смета на првата ѕвезда во тимот Кристијано Роналдо.

Инаку, евидентно е дека Сари и Роналдо не се во најдобри односи, а сè започна во последното коло кога предводникот на „Старата дама“ го извади Португалецот од игра во 55. минута. Тоа не му се допадна на напѓачот.

Роналдо за време на репрезентативната пазуа одигра два натпревари за Португалија и јасно стави до знаење дека не се работи за повреда, како што тврдеа во Јувентус.

Според италијанските медиуми, Португалецот сигурно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, освен ако тоа не се промени односнот со Сари. Веќе некое време се шпекулира дека Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед, а ПСЖ наводно покажал интерес за него.

Според француски „Л‘Екип“ парижани се подготвени да му платат на Јувентус 100 милиони евра за 35-годишниот Португалец. Тоа е понуда која Јуве сигурно нема лесно да ја одбие, па останува да видиме што ќе се случи во наредниот период.