Јувентус се збогува со Буфон: Ти благодариме за сè! (ВИДЕО)

Денеска во 11.30 часот Џанлуиџи Буфон имаше прес-конференција на која потврди дека викендов ќе го одигра последниот меч во дресот на „старата дама“.

Италијанецот откри дека има неколку понуди, а веднаш се појавија шпекулации дека Реал Мадрид и ПСЖ се заинтересирани за неговиот услуги и се главни фаворити за неговиот потпис.

Од клубот направија емотивно видео, во кое му се заблагодарија на легендарниот Буфон за сите години кои ги помина во екипата од Торино.