Јувентус се измачи против Специја за прва победа во Серија А (ВИДЕО)

Јувентус конечно го запиша првиот триумф во Серија А сезонава, откако на гостински терен беше подобар од Специја со 3-2.

Кин им донесе водство на „бјанконерите“ во 28. минута, но набрзо потоа Гиаси со гол израмни на 1-1, по што прослави во стилот на Кристијано Роналдо како провокација.

Специја повторно го врати водството во вториот дел (2-1), по што Јувентус направи целосен пресврт преку Кјеза и Де Лихт (3-2).

На вториот меч кој се играше од 18.30 часот Салернитана одигра 2-2 против Верона.