Јувентус ќе мора да плати еден куп пари поради отказот на Сари

Јувентус само еден ден по елиминацијата од Лигата на шампиони (ЛШ) го отпушти тренерот Маурицио Сари, а во следниот период се очекува клубот да се ослободи од неколку фудбалери, како и од директорот Фабио Паратичи.

Сари имаше договор со италијанскиот шампион до 2022 година, а поради тоа што е отпуштен, клубот ќе мора да му плати 20,3 милиони евра како отштета.

Сари со Јувентус успеа да го освои Скудетото, но не успеа да ја исполни главната задача, а тоа е освојување на трофејот во ЛШ.