Јувентус ѝ го понудил Роналдо на Барселона!? (ВИДЕО)

Навистина сензационална вест објави „Би-би-си“, кој тврди дека Јувентус сака да се ослободи од големата плата на нивната најголема ѕвезда Кристијано Роналдо и поради тоа го понудил Португалецот на неколку екипи, меѓу кои една е Барселона.

Роналдо годишно добива околу 57 милионии евра, а поради тоа што има 35 години, Јувентус сака да се ослбоди од неговата плата и наводно му бара нов клуб.

Во секој случај, оваа вест изгледа изненадувачки затоа што Барселона во моментов не е во најдобра финансиска позиција, како што беше познато веќе неколку месеци.