Јувентус го награди Секулов со - нов договор!

Поранешниот италијански шампион Јувентус денеска потпиша нов договор со македонскиот фудбалер Никола Секулов до јуни 2027 година.

Секулов ја мина младинската академија на „Старата дама“, а на крајот на март конечно дочека деби во дресот на калчолигашот, но не се прослави бидејќи поради едно невнимание беше казнета неговата екипа.

Македонскиот фудбалер ја почна сезоната во Кремонезе, но Јувентус ја прекина позајмицата предвреме и го врати Секулов во екипата.