Јунајтед се ослободи од преплатениот Санчез, но остана без ниту едно евро од неговиот трансфер!

Најавите за трансфер на Алексис Санчез од Манчестер јунајтед во Интер, каде што досега играше како позајмен фудбалер, за сума од 15 милиони евра, најверојатно нема да се оствари, откако тимот од Милано се избори за вистински џекпот.

Најпрестижните италијански фудбалски новинари вечерва објавија дека Чилеанецот ќе остане на „Џузепе Меаца“ и ќе потпише баснословен договор според кој ќе биде еден од најплатените играчи во Серија А, но и дека нераѕурите ќе го добијат – бесплатно. Англискиот тим попуштил во финишот од преговорите, воден од единствената желба да се ослободи од преплатениот Санчез, дури и по цена да не добие ниту евро за неговиот трансфер. Репрезентативецот на Чиле во Интер би играл во следните три сезони, а годишно би заработувал најмалку седум милиони евра.

На крајот задоволни ќе бидат и двата тима и тоа Јунајтед дека заштедил многу пари од астрономската плата на Санчез, додека Интер дека ангажирал фудбалер од светска класа без воопшто да платат за неговиот ангажман.