Јунајтед и Арсенал се на потег: Реал Мадрид ја одреди цената за Хамес Родригез

Фудбалерот на Реал, Хамес Родригез, на крајот на сезоната најверојатно ќе го смени клубот. Реал е подготвен да се раздели со 28-годишниот Колумбиец, кој може да стане слободен агент за една година.

Затоа, Реал Мадрид сака да го продаде играчот од средниот ред за околу 25 милиони евра, пренесува шпанска „Марка“. Само пред една година, Атлетико и Наполи понудија 45-50 милиони за Родригез, но кралскиот клуб одби.

Сега, за играчот се заинтересирани Манчестер јунајтед, Арсенал, Евертон и Вулверхемптон, кои се свесни дека Реал Мадрид е присилен да го пушти Хамес да си оди за „разумна“ цена.

Доколку фудбалерот остане на „Сантијаго Бернабеу“, тогаш мадридскиот тим планира да преговара за намалување на платата со него. Во моментов, тој добива повеќе од седум милиони евра годишно.