Јаховиќ успешно опериран: Се враќа на тренинг за две недели

Адис Јаховиќ дебитираше за Анталијаспор со гол против Денизлиспор изминатиот викенд, но натпреварот не заврши добро за него, бидејќи заработи повреда на јаболчната коска на лицето. 

Македонскиот интернационалец денеска беше на операција на лицето и според информациите таа минала успешно и без компликации. Јаховиќ би требало да се врати на тренинг на Анталијаспор за околу две недели, а неговиот кам-бек на терените се очекува за четири до шест недели.

Јаховиќ од 2016 година е во турскиот фудбал, а прво играше за Гецтепе, потоа една сезона играше за Коњаспор. Сезонава ја почна во дресот на Малатијаспор, а во јануарскиот преоден рок се пресели во Анталија.