Јаховиќ конечно распука како што знае - со два гола ја водеше Коњаспор до победа

Коњаспор денеска успеа да го победи фаворитот Касимпаса со 3-2 на домашен терен во 16. коло од турскиот шампионат, а македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ имаше фантастичен настап, во кој постигна два погодоци.

Јаховиќ го отвори резултатот во 47. минута од мечот, но потоа гостите направија целосен пресврт со два гола за три минути (69. и 72.), но во следниот напад македонскиот напаѓач стрелаше уште еднаш за израмнување на 2-2.

Во финишот од мечот Коњаспор успеа да стигне и до триумф, откако во 82. минута Фофана погоди за конечни 3-2.

Коњаспор со овој триумф се искачи на осмата позиција со 24 освоени бодови, додека Касимпаса остана на втората позиција со 26 бодови.